Која е најтешката, а која најлесната група што може да ја добие Вардар?

Македонскиот шампион Вардар утре ќе ги дознае противниците во новата сезона од Лигата на шампионите, а пред ждрепката се наоѓа во четвртиот, последен шешир.

Со Вардар заедно се данскиот Архус, словенечкиот Целје, швајцарскиот Криенс Луцерн, шведскиот Кристијанштад и српскиот Партизан.

„Црвено-црните“ може да добијат многу тешка група, но и група во која би можеле да имаат шанси за ТОП 12, иако шансите нема да бидат (пре)големи.

Првите две места во групата носат прогрес во главната рунда во ЛШ, додека трето и четвртопласираните екипи ќе продолжат во елиминациите од Лигата на Европа.

Најтешката група на Вардар би била со Барселона, Фуксе Берлин и Висла Плоцк, додека „најлесна“ би била со Спортинг Лисабон, Монпелје и Порто.

Ждрепката за групите ќе се одржи утре во Виена со почеток од 11:00 часот.