Младинската екипа на Еурофарм Пелистер испиша историја во Букурешт и успеа да се пласира на завршниот турнир во Лигата на шампионите.
Македонскиот тим ги победи Келце и Динамо Букурешт и ќе се бори за титула со гигантите Веспрем, Барса и ГОГ Гудме.
Избраниците на Фарук Мемиќ и Кире Митревски одиграа зрело и не им дозволија на ривалите да се понадеваат на нешто повеќе.
Покрај босанскиот талент Алем Хаџиќ, во составот на битолчани се истакнаа и Марковски, Буторац, Лозановски, Ѓорѓиевски, Фехми…
Едно е сигурно – со вакви деца, битолчани не треба да се грижат за својата ракометна иднина.