Келце продава билети за ЛШ по едно евро

Полскиот шампион Келце на 11 октомври ќе гостува во Германија кај Кил во рамки од 4. коло од Лигата на шампионите.

Келце на првите три одиграни натпревари оствари две победи, над Колстад и ПСЖ, додека во дуелот со Алборг беше поразен.

Гостувањето на Келце кај „зебрите“ е од голема важност, бидејќи избраниите на Талант Душебаве со евентуална победа ќе бидат повеќе поконкурентни за првите две позиции на табелата.

За остварување на целта, раководството на Келце побара од навивачите да го поддржат тимот на гостински терен, овозможувајќи им билети по цена од само едно евро.

За споредба, најефтините билети за фановите на Кил ќе се продаваат по цена од 15 евра.