Келце има нов среден бек – Влах потпиша до 2029!

Словенечкиот репрезентативец Алекс Влах, една година пред истекот на договорот, ќе си замине од данскиот Алборг и ќе има нов предизвик во кариерата.

Средниот бек потпиша за полскиот Келце и од лето ќе го облече „жолто-синиот“ дрес, кој треба да го носи најмалку до 2029 година.

Во Келце веќе настапува неговиот репрезентативен колега Клемен Ферлин, па Влах ќе има свој сонародник.

Тој доаѓа во полскиот вицепрвак како замена за Игор Карачиќ, чиј договор истекува ова лето.

Влах пред Алборг настапуваше со огромен успех за Целје и Загреб.