Полскиот репрезентативец и еден од најдобрите десни крила во Европа, Аркадиуш Морито, успешно беше опериран поради повреда на левото рамо и веќе го започна процесот на рехабилитација. Со ова, ракометарот на Келце и капитен на полската репрезентација ќе биде надвор од терените околу шест месеци.
Одлуката за оперативниот зафат била донесена по деталните лекарски прегледи и магнетна резонанца, кои потврдиле дека хируршката интервенција е единственото решение.
Морито со проблемите на левото рамо се соочува уште од 2023 година, кога се повреди на натпревар на полската репрезентација. Иако во изминатите две години се обидуваше со конзервативен третман да ја избегне операцијата и продолжи да настапува, болките не исчезнаа, па на крајот беше донесена одлука за хируршки зафат.
„Дојде моментот кога операцијата беше неизбежна. За ова разговаравме уште пред шест месеци и знаев што ме очекува. Искрено, чувствувам и одредена возбуда, бидејќи конечно ќе можам целосно да го решам проблемот што ме мачеше повеќе од две години“, изјави Морито по операцијата.
Ова претставува сериозен удар за Келце, но и за полската репрезентација, која во наредниот период ќе биде без својот капитен и еден од најважните играчи.
На десната крилна позиција во Келце ќе падне товарот на Беноа Конку.
____________________________________________________________________________________________________
Добивај директно вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24ракомет. Со еден клик до сите ракометни вести.
_____________________________________________________________________________________________________


























