Карбеска и Илиева на нова европска задача – пак ќе судат на машки екипи

Европската ракометна федерација ги одреди официјалните лица за реванш натпреварите во третото коло од Европскиот Куп во машка конкуренција.

Македонските судијки Силвана Карбеска и Марија Илиева добија ново делегирање од ЕХФ и ќе патуваат во Турција.

Тие ќе го судат реванш дуелот меѓу турскиот Бешикташ и естонската Полва Сервити, а делегат ќе бидат Гелашвили од Грузија.

Овој натпревар е закажан за 30 ноември со почеток во 15:00 часот, а ќе се игра во салата „Сулејман Себа“ во Истанбул.