Четири од четири за Овче Поле СУ – одличен прволигашки старт за тимот од Свети Николе

Ракометарките на Овче Поле СУ продолжуваат со одличните настапи во Првата лига. Во натпревар од четвртото коло, тимот од Свети Николе славеше убедлива победа над дебитантот Струга со 33-19 и ја продолжи победничката серија.

Гостинките се обидоа да му парираат на фаворитот, но домаќинките полека ја преземаа контролата врз натпреварот. На полувремето Овче Поле СУ имаше предност од 14-11, а во вториот дел дополнително ја зголеми разликата за убедлив триумф.

Анастасија Сентовска беше најзаслужна за победата, завршувајќи го натпреварот со 12 постигнати погодоци. Во редовите на Струга, Леа Пејоска беше најефикасна со седум гола.

Со новите бодови, Овче Поле СУ останува осамен на врвот на табелата со максимални осум бода од четири натпревари. Струга, пак, по првиот пораз во сезоната останува со шест бода на втората позиција.