Натпреварот меѓу Франција и Данска во финалето на Европското првенство ќе биде последен во кариерата за Никола Карабатиќ на континенталните собири.
Ветеранот ја игра последната сезона во кариерата, но посакува четвртиот трофеј на ЕП пред пензија.
Тој сега ја нема улогата што ја имаше своевремено во националниот тим, но му служи на тимот
„Знаејќи дека ова ми е последна сезона, мојот пристап кон ракометот се промени. Возбудливо е дека можам да влезам во историјата со освоени четири европски титули, но во овој момент уживам и се забавувам. Бркав рекорди и титули цела кариера, сега е убаво да уживам во овие последни големи натпревари. Тука сум да му помогнам на тимот, без разлика дали тоа значи да дадам десет гола, десет асистенции или да седам на клупа еден час“ изјави Карабатиќ.
Франција ќе се соочи со Данска во битката за злато, а Карабатиќ последните репрезентативни обврски ќе ги има на лето кога ќе се играат Олимписките игри во Париз.