КАПИТЕНОТ ОДИГРА КАПИТЕНСКИ: Филип Кузмановски прогласен за МВП!

Македонија одигра реми на стартот на СП, 27-27, со селекцијата на Унгарија во „Вараждин Арена“.

Иако можеше да победи, сепак на крајот нашите момци мораа да се задоволат со реми и еден бод, а во драматичната битка предводник беше Филип Кузмановски.

Капитенот одигра капитенски против фаворизираниот противник и успеа да постигне десет погодоци во унгарската мрежа, па заслужено беше прогласен за МВП.

Следен ривал на Македонија ќе биде Холандија на 17 јануари, додека на 19 јануари е средбата со Гвинеја.