Македонија и во наредната сезона во машките европски купови може да има шест претстаници, каков што беше случајот и лани.
По Вардар, Еурофарм Пелистер, Охрид, Бутел Скопје и тимот од Автокоманда, Тиквеш од Кавадарци исто така се пријави за Европа.
Кавадарчани побараа вајлд-карта за третото по ранг европско клупско натпреварување, ЕХФ Европскиот Куп.
Македонија според ранкингот има еден тим во Лигата на Европа и три во ЕХФ Европскиот Куп, но со освојувањето на трофејот на Охрид, нашата држава доби уште едно место.
Вардар побара вајлд-карта за Лигата на шампионите, а Еурофарм Пелистер „апгрејд“ за Лигата на Европа, додека Охрид исто така бара „апгрејд“ и треба да го добие со оглед на тоа што го освои трофејот во ЕХФ Европскиот Куп и скрои состав за ЛЕ.
Тимот од Автокоманда и Бутел Скопје се сигурни во ЕХФ Европскиот Куп, а вајлд-карта треба да добие и Тиквеш, бидејќи многу веројатно исто како и лани нема да се пријават сите екипи од другите држави што имаат право.
























