Од вчера на собир е кадетската репрезентација на Македонија, која одработува кратки подготовки во рамките на ЕХФ неделата.
Селекторот Наум Танески на располагање има 21 ракометар, а по денешниот тренинг ќе одлучи кои 18 ќе патуваат за Црна Гора.
Двете пријателски средби ќе се играат в четврток од 18:30 часот и в петок од 13:00 часот во Подгорица.
Овие натпревари се дел од подготовките за настапот на кадетите на ЕП во Црна Гора, каде Македонија е во група со Германија, Франција и Полска.