Кадетската екипа на Еурофарм Пелистер ќе биде дел од силниот меѓународен турнир во Сараево – „Сараево ракометен зимски куп“.
Битолчани ќе имаат убава можност да ги измерат силите со дел од најдобрите екипи во регионот на екс Југославија.
Покрај домаќинот, ракометната школа Седмерец и битолскиот тим, ќе играат екипите на Горење (Словенија), Загреб, Сесвете, Иваниќ Град (Хрватска), Металопластика Шабац (Србија), Слога Горњи Вакуф (Босна и Херцеговина).
Турнирот ќе се игра од 9 до 11 јануари во салата „Горан Ченгиќ“, а ова издание е трета година по ред.