„Кога започна нападот беше невозможно да се напушти Киев, секој збор на Путин е лага“

Ситуацијата помеѓу Украина и Русија е главна тема секаде, па и во ракометот. Мотор Запорожје е еден од клубовите кој оваа војна го погоди од самиот почеток. Ракометарите на овој клуб летаа над украинското небо кога Русија ја започна инвазијата, па нивниот авион беше пренасочен кон Киев.

За ситуацијата зборуваше капитенот на Мотор, Захар Денисов.

„Тоа што се случува во овие моменти е војна, не може да се нарече никако поинку. Сакаат да ја покажат својата моќ и да ја освојат целата земја. Човекот (Путин) ги пушта своите луѓе и не штеди никого. Секогаш било јасно дека тој е човек кој мисли едно, а кажува друго. Ако ме прашувате мене секој негов збор е лага“.

Тврди дека на луѓето во Русија им се пласирале погрешни информации за тоа што се случува во Украина.

„Татко ми и мајка ми беа Руси, тетка ми е од Русија. Таму на луѓето им се даваа информации од кои не можеа да сфатат што се случува во Украина. Голем дел од луѓето во Русија мислат дека постои угнетување на Русите, ми зборуваат дека има нацисти во Западна Украина. Јас зборувам украински, можам да се прилагодам, но моето семејство зборува руски, сме патувале низ цела Украина и никаде не сме се сретнале со проблеми затоа што зборуваме на руски“.

Украинците се обединуваат повеќе од било кога.

„Тој (Путин) сакаше да не раздели, но со неговиот потег се постигна спротивното, уште повеќе се обединивме. Луѓето се спремни да си ја бранат државата. Никогаш не сум бил повеќе горд на украинската армија и тоа што го прави сега. Нашиот претседател (Владимир Зеленски) веројатно стана личност број еден во светот. Покажа колку човек може да биде силен и храбар, да даде се од себе да си ја спаси земјата“.

Зборуваше и за ноќта кога нивниот авион беше пренасочен.

„Ноќта кога се започна требаше да слетаме во Запорожје околу два часот по полноќ, но добивме информација дека капетанот мора да го пренасочи авионот. Додека седевме и чекавме како со алтернативен превоз ќе стигнеме до Запорожје, излезе некој од управата на аеродромот и почна на сите да ни кажува да се евакуираме. Беше околу пет часот наутро, времето кога започна нападот. Слушнавме експлозии од далечина, а од интернетот веќе дознавме што се случува“.

Сепак некако успеале да пронајдат начин да го напуштат Киев.

„Беше невозможно да се напушти Киев и со автобус, не можевме ниту да наполниме горив редиците беа предлоги. Со трамвај и пеш стигнавме до хотелот. Сите сакаа да си заминат дома и да бидат со своиет семејства. Киев успеавме да го напуштиме околу 18:00 часот и во три часот по полноќ бевме во Запорожје. Сега тимот е распуштен и сите ракометари од странство си заминаа во своите земји“, раскажа Денисов.