Јехона се засили за прволигашкиот плеј-оф – ги донесе Кизиќ и Крстевски

Екипата на Јехона има сериозни намери да биде клучен фактор во прволигашкиот плеј-оф. Клубот од Гостивар за вториот дел од сезоната реши да ги пополни дефицитарните позиции, со цел да биде повеќе поконкурентен.

За постигнување на целта, раководството на Јехона ги ангажираше голманот Никола Кизиќ и левото крило Виктор Крстевски.

Кизиќ во тимот на Фари Селмани пристигна од суперлигашот Аеродром, додека Виктор Крстевски редовите на Јехона ги засили од Металург РА.

Повратник во екипата е Јовица Костовски, кој по пауза од една година реши повторно да му се врати на ракометот.

Јехона во прволигашкиот плеј-оф за ривали ги има Бисинов, Младост, Драчево, Радовиш, Металург РА, Шампион и Македонија ЃП.