Јехона победнички го испрати Николоски во пензија, Младост падна во Гостивар

Тимот на Јехона прослави значајна победа над лидерот Младост Богданци со 40-39, во рамките на 13 коло од Првата лига.

Во првиот дел и двете екипи имаа водство од по два гола, но на пауза се замина со нерешено, 17-17.

Гостиварци во вториот дел имаа предност и од пет гола, можеа порано да го решат победникот, но дозволија камбек на гостите.

Младост израмни на 37-37 и внесе возбудувања во последните неколку минути. Фичуроски и Илиески погодија за 40-38 и потврдија дека трите бода остануваат во Гостивар.

Во победнички стил беше испратен Бобан Николоски во пензија – членот на Јехона, кој го одигра својот последен натпревар во кариерата.

Јехона уште од претходно го имаше обезбедено местото во плеј-офот од третото место и ќе пренесе еден бод, додека Младост ќе игра во Богданци со второпласираниот Драчево и ќе биде решен победникот во групата А.