Екипата на Ѓорче Петров направи сериозен чекор кон одбраната на титулата откако во дербито на седмото коло го „преслуша“ Чаир, победувајќи го со 45-29 (21-9).
Левиот бек на Ѓорче Петров, Марија Јанкуловска, ги сподели импресиите по натпреварот со Чаир и се надева дека нејзиниот клуб освен успех на домашна сцена може да направи добар пласман во Европа.
,,Сакам да напоменам дека ова екипа е составена од едни од најдобрите играчи во Македонија, така денешната победа над Чаир се должи на тоа што сите ракометарки игравме со срце, едноставно имаше дисциплина, карактер, ја посакувавме победата и победата со дисциплината сама си дојде сама по себе. Ние секогаш сакаме да се игра по наше темпо, но како што промашуваше Чаир, ние погодувавме, возвраќавме со неколку гола во низа и пак ќе речам дека дисциплината беше пресудна за убедливата победа против Чаир. Мислам дека ќе се потрудиме да одиграме подобро на европска сценаи се надеваме дека ќе стигнеме до полуфинале во Европскиот Куп”, изјави Јнакуловска.
Следен предизвик за избраничките на Симе Симовски е дуелот против екипата на Скопје.
Ѓорче Петров покажа моќ и доминација – сега го „преслуша“ Чаир