Голманот Иван Галевски ќе биде во конкуренција за настап на двете средби од главната рунда на Мундијалот во Хрватска, Данска и Норвешка.
Селекторот на Македонија, Кирил Лазаров, направи една промена меѓу 18 ракометари кои се во конкуренција за настап и од кои ќе ги бира 16 што ќе настапат.
На местото на десното крило Александар Петковски, во конкуренција влегува чуварот на мрежата Галевски.
Дали Лазаров ќе го вметне меѓу 16 ракометари што ќе играат против Катар или Франција во следното коло, останува да видиме.
Натпреварот меѓу Македонија и Катар се игра денеска во „Вараждин Арена“ со почеток во 15:30 часот.