Историја за Металург Автокоманда – првпат ќе игра на завршниот турнир во Купот

Тимот на Металург Автокоманда, откако минатата сезона беше елиминиран од Куманово на патот до Ф4 во Купот на Македонија, сега не ја повтори истата грешка.

По лесниот триумф над Стружанка, избраничките на Јулијана Дамчевска, прославија уште една убедлива победа, овојпат над Спартак со 36-18 и обезбедија место меѓу најдобрите четири екипи.

Победникот беше познат уште по првиот дел, кога гостинките водеа со 21-10, а второто полувреме беше само формалност.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Ѓошевска со девет погодоци, како и Трпевска и Беровиќ со по пет, додека кај Спартак, стандардно Андовска беше најдобра со девет гола.

Покрај Металург Автокоманда, пласман на Ф4 обезбеди и Чаир, додека останува да се одиграат уште средбите меѓу Ѓорче Петров и Гевгелија, односно Вардар и Пелистер.

Куп на Македонија, жени, групна фаза:

група А
Спартак – Шампион 29-19
Металург Автокоманда – Стружанка 39-17
Спартак – Металург Автокоманда 18-36

група Б
Астибо – Куманово 16-29
Чаир – Ѓорче Петров 2 39-24
Чаир – Куманово 28-27

група В
Скопје – Гевгелија 16-17
Ѓорче Петров – Деспина 44-10
Ѓорче Петров – Гевгелија

група Г
Вардар слоб.
Пелистер – Овче Поле СУ 33-13
Вардар – Пелистер