Имнадзе: Ќе се обидеме да му парираме на Вардар

Ракометарите на Прилеп во сабота на свој терен ќе го пречекаат тимот на Вардар во натпревар од 4. коло од суперлигашката конкуренција.

Подновениот тим на Прилеп, кој има амбиции за пласман во плеј-оф фазата, моментално, на свое конто има шест бода, кои беа остварени со победите над Бутел Скопје и Вардар Неготино.

Составот на Божидар Мојсов во досегашниот тек од првенството доживеа пораз на гостувањето во Скопје кај Пролет. Иако Вардар е голем фаворит во дуелот со Прилеп, сепак, за да ги освои бодовите под Марковите Кули ќе треба да го го даде својот максимум, бидејќи домаќините со помош на публиката можат да се покажат како незгоден ривал.

Грузискиот интернационалец во редовите на Прилеп, Левани Имнадзе, го најави дуелот со некогашниот македонски шампион.

,,Вардар игра брз и модерен ракомет, а ние ќе се обидеме да дадеме сѐ од себе и се надевам дека ќе се претставиме во добро светло. Мислам дека одигравме добро во претходните три кола, во првото коло победивме тим кој е стандарден учесник во плеј-офот и докажавме дека може да се носиме со секој тим во Супер лигата”, вели Имнадзе.

Десното крило за првпат во својата кариера ќе игра против двократниот европски шампион.

,,Се чувствувам многу возбудено бидејќи ќе играм против Вардар, тим кој беше двапати шампион во Европа и за мене е огромен предизвик да играм против овој тим. Се разбира дека ние го анализираме Вардар и за тим од таков калибар мора добро да се подготвиме за да се обидеме што повеќе да ги запреме, односно да бидеме се повеќе поконкурентни. Вардар на сите позиции е потполнат со екстра играчи, но мислам дека најсилната алка им е голманот Мартин Томовски”, заврши Имнадзе.

Натпреварот меѓу Прилеп и Вардар ќе се одигра во сабота (30 септември) со почеток од 18:30 часот во спортската сала при СОУ “Ристе Ристески-Ричко”. Влезот за сите љубители е слободен.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ВАРДАР 196114130139
2ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР14130139
3БУТЕЛ1480624
4ПРОЛЕТ1471622
5ГОЛДЕН АРТ1452717
6ПРИЛЕП14311010
7МУЛТИЕСЕНС1430119
8ВАРДАР НЕГОТИНО1420126