ИДЕАЛЕН ТИМ НА 6. КОЛО OД ПЛЕЈ-ОФ/АУТ ВО СУПЕР МАШКАТА ЛИГА (АНКЕТА)

Традицијата продолжува и екипата на 24Ракомет и годинава ви овозможува во секое коло да гласате за најдобрите ракометари по коло во пролетниот дел од сезоната.

На крајот од сезоната повторно ќе ја избереме иделната седморка, а во меѓувреме за секое коло ќе ви дадеме можност да го изберете најдобриот играч во идеалниот тим што го предлага тимот на 24Ракомет.

Ние ги одбравме најдобрите седум. Со помош на вашите гласови ќе го одбереме ракометарот кој ќе биде МВП на 6 коло од плеј-оф/аут во суперлигашката конкуренција.

Едноставно, гласајте за ракометарот за кој сметате дека бил меѓу најдобрите и го одбележал ова коло.

Meѓу номинираните за ова коло има двајца ракометари од Еурофарм Пелистер и по еден ракометар од Охрид, Вардар, Прилеп, Куманово и Пролет.

За МВП на колото ќе можете да гласате до понеделник до 12 часот.

Супер лига, плеј-оф/аут 6. коло, резултати:

ВАРДАР – АЛКАЛОИД 30-27
ОХРИД – БУТЕЛ СКОПЈЕ 31-26
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – ТИКВЕШ 44-23
ПРОЛЕТ – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 27-25
СТРУГА – КУМАНОВО 25-27
ПРИЛЕП – РАДОВИШ 40-26

СПОРЕД ВАС КОЈ Е НАЈКОРИСЕН РАКОМЕТАР НА 6. КОЛО ОД ПЛЕЈ-ОФОТ/АУТ ВО МАШКАТА СУПЕР ЛИГА?

Јака Малус - среден бек - Вардар
80.00%
Петар Атанасијевиќ - лево крило - Еурофарм Пелистер
20.00%
Александар Симоновски - пивот - Пролет
0.00%
Денис Шабановиќ - десно крило - Прилеп
0.00%
Анжеј Видомски - десен бек - Еурофарм Пелистер
0.00%
Тоше Ончев - лев бек - Куманово
0.00%
Бојан Блажески - голман - Охрид
0.00%

ИДЕАЛЕН ТИМ НА 6. КОЛО ОД ПЛЕЈ-ОФ/АУТ ВО СУПЕР МАШКАТА ЛИГА

Голман: Бојан Блажески (Охрид) – Чуварот на мрежата имаше одлична партија на мечот против екс клубот.

Лево крило: Петар Атанасијевиќ (Еурофарм Пелистер) – Левото крило беше најдобар стрелец со 11 голови од 11 обиди против кавадарчани.

Лев бек: Тоше Ончев (Куманово) – Беше меѓу најдобрите во триумфот над Струга со десет гола.

Среден бек: Јака Малус (Вардар) – Словенецот беше лидер на „црвено-црните“ во дерби триумфот над тимот од Автокоманда.

Десен бек: Анжеј Видомски (Еурофарм Пелистер) – Полскиот репрезентативец имаше одлично издание на мечот со Тиквеш.

Десно крило: Денис Шабановиќ (Прилеп) – Црногорецот беше меѓу најдобрите во победата над радовишани.

Пивот: Александар Симоновски (Пролет) – Кружниот напаѓач одигра одличен натпревар против Еурофарм Пелистер 2 кој го доби неговиот тим.

 

____________________________________________________________________________________________________
▶▶▶  Добивај директно вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24ракомет. Со еден клик до сите ракометни вести.
_____________________________________________________________________________________________________