Традицијата продолжува и екипата на 24Ракомет и годинава ви овозможува во секое коло од разигрувањето за титула и за опстанок да гласате за најдобрите ракометари по коло во пролетниот дел од сезоната.
На крајот од сезоната повторно ќе ја избереме иделната седморка, а во меѓувреме за секое коло од плеј-оф и плеј-аут ќе ви дадеме можност да го изберете најдобриот играч во идеалниот тим што го предлага тимот на 24Ракомет.
Ние ги одбравме најдобрите седум. Со помош на вашите гласови ќе го одбереме ракометарот кој ќе биде МВП на 2 коло од плеј-оф/аут во суперлигашката конкуренција.
Едноставно, гласајте за ракометарот за кој сметате дека бил меѓу најдобрите и го одбележал ова коло.
Meѓу номинираните за ова коло има двајца ракометари од Вардар и по еден ракометар од Охрид, Еурофарм Пелистер, Еурофарм Пелистер 2, Прилеп и Вардар Неготино.
За МВП на колото ќе можете да гласате до петок до 12 часот.
Супер лига, 2. коло, резултати:
Плеј-оф
АЛКАЛОИД – ТИКВЕШ 26-25 (ИЗВЕШТАЈ)
БУТЕЛ СКОПЈЕ – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 24-28 (ИЗВЕШТАЈ)
ВАРДАР – ПРОЛЕТ 32-18 (ИЗВЕШТАЈ)
ОХРИД – СТРУГА 31-24 (ИЗВЕШТАЈ)
Плеј-аут
СКОПЈЕ – АЕРОДРОМ 10-0 служ.
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 – КУМАНОВО 25-19 (ИЗВЕШТАЈ)
МУЛТИ ЕСЕНС – ВАРДАР НЕГОТИНО 25-27 (ИЗВЕШТАЈ)
ГОЛДЕН АРТ – ПРИЛЕП 29-36 (ИЗВЕШТАЈ)
ИДЕАЛЕН ТИМ НА 2. КОЛО ОД СУПЕРЛИГАШКИОТ ПЛЕЈ-ОФ/АУТ
Голман: Александар Мицев (Вардар Неготино) – Со 15 одбрани беше клучната фигура кај неготинци за триумфот среде Автокоманда.
Лево крило: Гоце Ојлески (Охрид) – Искусниот стружанец постигна пет погодоци против „своите“.
Лев бек: Филип Кузмановски (Еурофарм Пелистер) – Македонскиот репрезентативец вторпат по ред е дел од идеалниот тим откако постигна десет гола кај незгодниот Бутел.
Среден бек: Алем Хаџиќ (Еурофарм Пелистер 2) – Младиот босански интернационалец постигна пет погодоци во триумфот над Куманово.
Десен бек: Томислав Јагуриновски (Вардар) – Десниот бек беше најдобар стрелец против Пролет.
Десно крило: Денис Шабановиќ (Прилеп) – Црногорецот со 12 погодоци ги предводеше прилепчани до важен триумф кај Голден Арт.
Пивот: Милан Лазаревски (Вардар) – Кружниот напаѓач ја продолжува одличната форма во која игра од стартот на сезоната и беше меѓу најдобрите поединци во победата над Пролет.