Прилеп продолжува победнички – Шабановиќ беше нерешлива енигма за Голден Арт

Екипата на Прилеп предводена од незапирливиот Денис Шабановиќ славеше на незгодното гостување во Скопје кај еден од директните ривали во плеј-аут фазата, тимот на Голден Арт, со 36:29.

За Прилеп денешната победа беше втор триумф во борбата за опстанок, составот на Мосјов во првото коло убедливо го совлада Скопје, додека Голден Арт во наредното коло ќе атакува на први бодови во вториот дел од сезоната.

Домаќините добро започнаа, но продолжија многу лошо, па така гостите од Прилеп од 5 минута, па до крајот од првото полувреме беа доминантни во дуелот со тимот на Глигоров. По предноста на 3:2, следуваше фуриозен налет на Прилеп, кој ги имаше расположените Кастратовиќ и Квастек, додека на крилните позиции одлично се снаоѓаше младиот Трајкоски, како и Шабановиќ.

Прилеп израмни на 3:3, додаде уште три гола во низа и поведе со 6:3. Голден Арт се обидуваше да се врати во игра, но цврстата одбрана на гостите не дозволуваше голем напредок во играта на домаќините. Избраниците на Божидар Мојсов започнаа постепено да ја зголемуваат предноста и откако беше 8:5 направија серија од 5:0 и во 20 минута дојдоа до позитива од осум гола разлика, 13:5.

Голден Арт полека започна да се консолидира, за четири-пет минути постигна три гола во низа и во 25 минута намали на 13:8. Домаќинот од тој момент заигра поангажирано, но гостите од Прилеп до крајот на полувремето константно беа во предност од четири до пет гола разлика. По 30 минути игра резултатот беше 17:12 во корист за гостинскиот табор.

Вториот дел започна со голот на десното крило Шабановиќ, кој зголеми на 18:12. Домашниот тим во 35 минута намали на минус четири, 20:16, но до 48 минута никако не можеше да дојде до помала негатива. Мотивираните гости константно беа во солидна предност, во 45 минута имаа 27:22, додека три минути подоцна, односно во 48 минута, домаќините конечно намалија на три негатива, 28:25. Прилеп во финишот влезе со предност од 31:25 и тука веќе беше јасен исходот од дуелот.

Најефикасен во победничката екипа беше Денис Шабановиќ со 12 погодоци, седум додаде Пеце Рајатоски, шест реализации имаше средниот бек Владан Кастратовиќ.

Кај Голден Арт листата на стрелци беше предводена од Христијан Милошески со шест и Петар Стојаноски со пет погодоци.

ПозЕкипаНПРЛБ
1МРК КУМАНОВО12101132
2ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 21290330
3ПРИЛЕП1181227
4ВАРДАР НЕГОТИНО1280424
5МУЛТИЕСЕНС1261520
6ГОЛДЕН АРТ1131713
7СКОПЈЕ 20201220106
8АЕРОДРОМ1400142