Пролет го „плати цехот“ и двоцифрено загуби од Вардар

Вардар брзо го заборави поразот во Битола и веднаш го покажа своето вистинско лице на дербито со Пролет, што „црвено-црните“ го добија со 32-18 (17-11) во второто коло од разигрувањето за титулата. На градското дерби во „Јане Сандански“ немаше неизвесност, бидејќи вардарци имаа водство во текот на целиот меч. Пролет останува без освоен бод и по второто коло, а за Вардар ова се првите бодови во пролетниот дел од сезоната.

Гостите „беа во игра“ само до 21 минута. Тогаш последен пат намалија на „минус „ за 11-9, по што следуваше серија од 5-0 на Вардар и водство од 16-9. Тогаш беше јасно дека домашните веќе го „скршиај отпорот“ на гостите. На самиот почеток на второто полувреме домашните ракометари првпата поведоа со „плус 10“ за 21-11, и тоа беше знак дека остатокот од натпреварот ќе биде само формалност.

До крај на средбата вардарци играа и со комбиниран и „измешан“ тим, но и тогаш беа пресилни за тимот од населбата Пролет. Највисокото водство Вардар го имаше во 57 минута кога Родригез зголеми на 30-18. Потоа Марио Стојановски погоди за 31-18, а во последната минута Родригез во контра зголеми на 32-18.

Гостите настапија беа голманот Андреј Петковски кој има повреден прст, додека кај вардарци во составот ги немаше Матија Николиќ и Стефан Петриќ. Свое деби на офицјален меч имаше Немања Гојковиќ за Вардар, и постигна 1 гол.

Кај Вардар најефикасен беа Томислав Јагуриновски со 6 гола, а по четири дадоа Милан Лазаревски, Дарко Ѓукиќ и Марио Мишевски. Во тимот на Пролет, шест гол ададе Филип Арсеновски.

Во следното коло Вардар гостува во Кавадарци, а Пролет го пречекува Бутел.