Традицијата продолжува и екипата на 24Ракомет и годинава ви овозможува во секое коло да гласате за најдобрите ракометари по коло во пролетниот дел од сезоната.
Ние ги одбравме најдобрите седум. Со помош на вашите гласови ќе го одбереме ракометарот кој ќе биде МВП на 10 коло од плеј-оф/аут во суперлигашката конкуренција.
Едноставно, гласајте за ракометарот за кој сметате дека бил меѓу најдобрите и го одбележал ова коло.
Meѓу номинираните за ова коло има по двајца ракометари од Еурофарм Пелистер и Вардар, како и по еден ракометар од Прилеп, Куманово и Охрид.
За МВП на колото ќе можете да гласате до недела до 12 часот.
Супер лига, плеј-оф/аут 10. коло, резултати:
РАДОВИШ – СТРУГА 32-29
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 – ПРИЛЕП 24-28
ПРОЛЕТ – КУМАНОВО 25-27
ТИКВЕШ – ОХРИД 22-29
БУТЕЛ СКОПЈЕ – ВАРДАР 34-36
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – АЛКАЛОИД 31-26
ИДЕАЛЕН ТИМ НА 10. КОЛО ОД ПЛЕЈ-ОФ/АУТ ВО СУПЕР МАШКАТА ЛИГА
Голман: Милош Валах (Вардар) – Чуварот на мрежата имаше одлична партија на мечот против Бутел Скопје.
Лево крило: Петар Атанасијевиќ (Еурофарм Пелистер) – Левото крило беше меѓу најдобрите на мечот против „сино-белите“.
Лев бек: Тоше Ончев (Куманово) – Беше меѓу најдобрите поединци во победата над Пролет.
Среден бек: Домен Тајник (Еурофарм Пелистер) – Словенечкиот интернационалец даде свој придонес во убедливата победа над тимот на Лазаров.
Десен бек: Урош Митровиќ (Вардар) – Српскиот десен бек беше меѓу најдобрите поединци против Бутел Скопје.
Десно крило: Денис Шабановиќ (Прилеп) – Црногорскиот интернационалец даде шест гола во триумфот во Битола.
Пивот: Николаос Лиапис (Охрид) – Кружниот напаѓач одигра одличен натпревар против кавадарчани.
____________________________________________________________________________________________________
Добивај директно вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24ракомет. Со еден клик до сите ракометни вести.
_____________________________________________________________________________________________________

























