Хуманитарен ракометен викенд – Битола за Кочани!

Овој викенд ќе се одиграат натпреварите од групната фаза во Купот на Македонија, а Битола ќе биде домаќин на две групи.

За два дена, во спортската сала „Боро Чурлевски“ ќе се одиграат шест натпревари, па битолчани решија ракометниот викенд да го посветат на хуманост.

Ракометните љубители ќе можат да ги проследат сите шест натпревари со еден билет, по цена од 200 денари, а сите собрани средства ќе бидат наменети за помош на Кочани.

Сезонските билети ќе важат, за тие што се со сезонски билети, а доколку сакааат да донираат, ќе има на влезот од салата кутии за донација.