Zvonimir SRNA, Hungary vs Croatia, Men's EHF EURO 2024 Germany, Cologne, Germany, 20.01.2024., Mandatory Credit © Uros Hocevar / kolektiff

Хрватска во сѐ поголеми проблеми, четворица играчи имаат температура!

Ракометарите на Хрватска се уште се немаат израдувано на првата победа во главната фаза на Европското првенство 2024 кое се одржува во Германија.

Избраниците на Горан Перковац во првите две кола во главната фаза беа поразени од Франција, односно Унгарија, па така кај хрватската ракометна јавност постои големо разочарување, особено по вчерашниот пораз од унгарската репрезентација.

Хрватска утре игра против Исланд, но селекторот Горан Перковац за дуелот со островската земја најверојатно нема да може да смета на неколку главни играчи.

Стратегот на „коцкестите“ по загубената битка со Унгарија зборуваше за проблемите со кои се соочува неговата репрезентација.

,,Морам да кажам дека здравствената состојба ни прави големи проблеми уште од подготвителниот период. Сега повторно имаме четворица играчи кои се под температура. Тоа се Карачиќ, Срна, Мараш и Мамиќ. Сепак, ние не бараме алиби, Австрија е најдобар пример. Кој ќе биде подобар ќе игра на утрешниот натпревар. Сега треба да го победиме Исланд, што сигурно нема да биде многу лесно. Ако ме прашавте претходно ќе кажев дека Исланд ќе биде меѓу првите три селекции“, изјави Перковац.

Искусниот тренер изјави дека не е задоволен од играта на екс ракометарот на Металург и Вардар, Лука Циндриќ, но и од уште неколку искусни репрезентативци.

,,Ќе имам разговор со Циндриќ и уште неколку играчи, за да видам што ги спречува да играат натпревари на нивото што се очекува од нив. Можеби има замор, но не сме само ние уморни. Секогаш ја земам Австрија за пример”, додаде Перковац.

Утрешниот дуел меѓу Хрватска и Исланд ќе се одигра со почеток од 15:30 часот во „Ланксес Арена“ во Келн.

 

ШОК за Хрватска: Иван Мартиновиќ го заврши настапот на ЕП!