Хрватските медиуми „24Сата“ и „Вечерњи лист“ денеска објавија информација дека исландскиот стратег Дагур Сигурдсон би можел да биде нов селектор.
Медиумите тврдат дека Сигурдсон веќе пристигнал во Загреб на преговори со челниците на ХРС и ако биде постигнат договор наскоро ќе има промоција.
Сигурдсон во моментов е селектор на Јапонија, со која играше во финалето на Азиското првенство во јануари.
Исланѓанецот со Германија беше европски првак во 2016 година, ја водеше и Австрија, а овие две селекции се ривали на Хрватска на квалификацискиот турнир за место на Олимписките игри.
Ако има договор меѓу ХРС и Сигурдсон, ќе биде првпат во историјата Хрватска да има селектор-странец.
Хрватите вчера ја прекинаа соработката со Горан Перковац по неуспешниот настап на ЕП и 11 место.