Женската младинска репрезентација на Македонија во последниот натпревар од главната фаза на Светското првенство во Скопје доживеа пораз од Црна Гора со 26:22.
Иако Македонија беше поразена, сепак, играч на натпреварот повторно беше голманката Матеа Чурлиновска, која по третпат беше избрана за МВП на СП.
Прилепчанката имаше неколку атрактивни интервенции, а натпреварот го заврши со 12 одбранети удари.
Чурлиновска претходно беше МВП на натпреварите против репрезентациите на Португалија и Исланд.
По денешниот пораз, младинките на Македонија ќе разигруваат за пласман од 13 до16 место на младинскиот Мундијал.
Храбрата Македонија попушти во финишот и остана без бодови против Црна Гора