Херојско враќање на Еурофарм Пелистер – од „минус 8“ до победа во Автокоманда

Актуелниот шампион Еурофарм Пелистер иако е далеку од одбрана на титулата, сепак покажa карактер и освои бодови во Автокоманда иако имаше негатива од 8 гола, за на крај на слави со 35-33 (16-22). Малкумина веруваа дека битолчани ќе се вратат во игра откако на почетокот на второто полувреме имаа негатива од седум гола. Но, не се предадоа, одиграа херојски и ја анулираа негатива, и ја претходија во победа. По две средби кои завршија без победник, сега битолчани се радуваа.

Сега на табелата Еурофарм Пелистер има 44 бода, исто колку и Охрид кои се на делба на второто место. Вардар е лидер и има залиха од „плус 8“ од охриѓани. До крај на плејофот остануваат уште шет кола, но повеќе од сигурно е дека најголемата борба ќе се води само за второто место.

Во составот на домашните го немаше Мартин Серафимов кој пред недела беше потврден како засилување за Еурофарм Пелистер од следната сезона, ниту пак повредениот Никола Костески. Во тимот на гостите недостасуваше Домен Тајник кој е повреден.

За само четири минути Еурофарм Пелистер успеа да „фрли се во вода“ она што го градеше до средината на првото полувреме. Гостите почнаа добро наветувајќи борба за бодови, имаа и предност од 11-8 во 17 минута, по што почнаа и грешките кои домашните ги искористија, и не само што израмнија туку и поведоа со 15-14 во 24 минута.

Тогаш следуваше периодот во кој „сините од Автокоманда“ направија убава серија од 5-0 со која поведоа со 20-14 (28 минута). Изгледаше како да беше се веќе решено. Иван Галевски имаше вкупно 6 одбрани во првото полувреме, наспроти 3 на голманите на Еурофарм Пелистер. До крај на првото полувреме домашните реализираа уште неколку шанси, и ја имаа највисоката предност од 22-16 со која се замина на полувреме.

На самиот почеток на второто полувреме намалија гостите, а потоа Иван галевски повторно одбрани пенал, а во 35 минута домашните водеа со 25-18. Претходно беше и највисоката предност од 25-17. Дека Еурофарм Пелистер нема така лесно да се откаже покажаа следните минути кога гостите намалија на 26-21 во 38 минута. Имаа шанса од крило да намалат, ама Галевски го прочита Радивојевиќ и забележа нова одбрана. Она што претходно го промашија, сега не им се случи повторно, па Дејан Манасков со убава „вртенка“ намали на 27-24, но брзо домашните постигнаа гол за враќање на предноста од „плус 4“.

Дејан Манасков во 44. минута намалува на 28-25 враќајќи ја неизвесноста. Сега гостите беа во налет играа подобро, а потоа Самоил Ристевски во следниот напад погоди за 28-26. Мораше Кирил Лазаров да бара тајмаут, за да ја смири играта зашто неизвесноста беше повторно во игра, а гостите имаа само два гола негатива. Од „плус 8“ во 34 минута, за десет минути Еурофарм Пелистер направи серија со кога дојде на 28-26.

Дејан Манасков повторно како ракета трчаше по теренот и погоди за 28-27. Никола Митревски фати „жива“ топка со парада, давајќи им шанс ана соиграчите во напад да играат за израмнување. Првиот обид не беше успешен, зашто ударот на Кузмановски заврши во Галевски. Тоа го искористија домашните да гзолемат на 29-27, на 13 минути до крај на средбата.

Откако Марко Митев шутираше а топката ја одби Митревски, се создаде нова шанса за битолчани да израмнат. И повторно Дејан Манасков кој погоди за 29-29 во 50 минута од мечот.

Дамјан Митев од пенал му донесе пак предност од еден гол на домаќинот на почетокот на последните десет минути.
Во 53 минута Хакбарт од крило му донесе повторно водство на Еурофарм Пелистер, 32-31. Потоа Џонов направи пробивање, а Еурофарм Пелистер повторно доби шанса да го зголеми водството. Никола Марковски доби исклучување по фаулот на Кузмановски, а со играч повеќе од крило повторно погоди Хагбарт за водство 34-32. Остануваа уште 4 минути до крај на средбата. Ниту домашните не погодија, а ниту гостите. Остануваа само 2,5 минути до крај и предност од два гола за Еурофарм Пелистер.

Последнот тајмаут го имаше Кирил Лазаров, а по него Ненад Костески од крило намали на 33-34. Не заврши успешно ударот на Пешевски, но Никола Митревски одбрани на спротивната страна повторно удар на Костески. Последните 60 секунди почнаа со напад на гостите, кои имаа реми во џеб, а се бореа за победа. И тоа го донесе Атанасијевиќ. Следуваше заслужено славје на гостите.

Во победничкиот тим на Еурофарм Пелистер седум гола постигна 7 гола од 10 удари, а Филип Кузмановски даде 6 гола, а Оусама Хосни едне помалку. Кај домаќините 7 гола даде Дамјан Митевс од што 5 од пенал, а 6 гол апостигна Ненанд Костески.