Херојот на Вардар почнува самостојна тренерска кариера!

Еден од најдобрите хрватски ракометари во историјата и легенда на Вардар, Иван Чупиќ, започнува со самостојна тренерска кариера.

Некогашното десно крило ќе го води тимот на Метковиќ, кој смени досега два тренера во оваа сезона.

Тој беше дел од стручниот штаб на Андрија Николиќ во Загреб, но замина кога Николиќ доби отказ заедно со него.

Метковиќ е матичен клуб од родниот град на Чупиќ, а покрај функцијата галвен тренер, тој ќе се посвети во развој на младите категории и ќе биде координатор на младите категории.

Чупиќ го чека голем предизвик, бидејќи Метковиќ во првиот дел од сезоната освои само три бода, а во преостанатите десет кола од плеј-аутот ќе се бори за опстанок во хрватската елита.

Хрватот во Вардар играше пет сезони, беше херој и стрелец на победничкиот гол во финалето од Лигата на шампионите во 2017 година против ПСЖ, а кариерата ја заврши во 2024 во дресот на Загреб, каде што мина три сезони.