Хендикеп за Србија – без Марсениќ на бараж двомечот со Шпанија

Репрезентативецот на Србија, кружниот напаѓач Мијајло Марсениќ, нема да игра на бараж двомечот против Шпанија за пласман на Светското првенство 2025.

Искусниот ракометар, кој настапува во Бундес лигата, поточно во тимот на Фуксе Берлин, во натпреварот против Мелсунген доживеа повреда.

Екс ракометарот на Вардар и Металург заработи фрактура на прстот на левата рака и ќе мора да паузира четири до шест недели.

Тоа значи дека Марсениќ нема да може да им помогне на „орлите“ на дуелите против „црвената фурија“ и прашање е дали ќе ја доигра сезоната.

Србија првиот натпревар против Шпанија ќе го одигра на 8 мај, додека реваншот е закажан за 12 мај во Нови Сад.