Гошевски повторно со одличен настап во Хрватска

Тимот на Водице, каде што игра македонскиот интернационалец Дејан Гошевски, загуби од Ровињ во натпревар од 16. коло од второлигашката конкуренција во Хрватска.

Гошевски и колегите беа поразени со 41:35, а Македонецот повторно имаше одлична партија во својот тим.

Десниот бек натпреварот го заврши како најефикасен во поразениот табор, зад своето име запиша осум погодоци и подели неколку асистенции.

Водице, кој моментално се наоѓа на 9. позиција, во следното коло е слободен, додека во 19. коло ќе игра против Бузет.