Машката репрезентација на Македонија утре во рамки од 2. коло од главната фаза на Светското првенство 2025 ќе се соочи со Катар.
Репрезентацијата предводена од Веселин Вујовиќ покажа дека може да се надигрува со секој ривал, а на вчерашниот натпревар против Холандија загуби во драматичен финиш.
Еден од подобрите играчи во нашата репрезентација, средниот бек Игор Ѓорѓиев, истакна дека со неговите колеги ќе треба да ја искористат младоста против катарската селекција и да дојдат до позитивен резултат.
,,Не очекува натпревар, пред се со една искусна и една брза репрезентација, Катар тоа го покажа на вчерашниот натпревар со Холандија, беа во егал до самиот крај на натпреварот, ние сме една помлада репрезентација од нив и мислам дека тоа е некоја предност за нас. Тоа треба да го искористиме бидејќи ова за нас е петти натпревар на Светското првенство, мислам дека ние ќе бидеме посвежи”, вели Ѓорѓиев.
Според Ѓорѓиев, главниот адут на Македонија би требало да биде полуконтрата.
,,Секогаш кога играм за Македонија и пред нашите навивачи се чувствувам многу мотивирано, како јас, така и останатите соиграчи. Мислам дека денешниот ден треба да го искористиме за најдобро да се подготвиме за утрешниот натпревар со Катар, а нашиот адут би требало да биде добрата одбрана, односно полуконтрата”, заврши Ѓорѓиев.
Утрешниот натпревар меѓу Македонија и Катар е на програмата од 15:30 часот.