Македонија се пласираше во главната рунда на Мундијалот во Хрватска, Данска и Норвешка по триумфот над Гвинеја со 29-20.
По победата над Гвинеја, односно пласманот во следната фаза на Мундијалот, своите импресии ги сподели Игор Ѓорѓиев.
,,Сакам да им честитам на соиграчите за борбата и за пласманот во втората фаза. Нашата главна цел беше таа главна фаза и успеавме во тоа, па сега имаме ден одмор, да се мобилизираме и да се подготвиме за она што ни следи во следниот период. На последниот натпревар поштеда добија поискусните играчи, кои треба да бидат подготвени за најважните дуели. Голема е честа да се игра во овој дрес и пред овие навивачи, чувството беше прекрасно, тоа не мотивира сите“.
Македонија сега ја чекаат пресметки против Австрија, Катар и Франција во главната рунда на СП.