Ѓорѓески: Нема тука да застанеме

Тимот на Охрид предводен од чуварот на мрежата Даниел Ѓорѓески, забележа огромен триумф над македонскиот вицепрвак со 30-26.

Гостиварчанецот имаше 14 одбрани и ги откажа гостинските ракометари од борбата за позитивен резултат на овој натпревар.

Тој вели дека Охрид нема да застане тука и ќе продолжи со трката за врвот на табелата.

„Одигравме одличен натпревар, особено во одбраната. Моите соиграчи ми помогнаа многу за одбраните и сите сме подеднакво заслужни за оваа огромна победа. Освен одбраната, дадовме и неколку лесни голови од транзиција. Бевме максимално подготвени за натпреварот, многу ја сакавме победата. Заедно бевме со нашата навивачка група „Рибари“ и нашата публика, кои беа осми играч и не водеа цел натпревар кон победа. Таа е многу важна за нас, во трката за првите четири позиции што водат во Европа. Ако сакате да сте при врвот, мора да победите некој од фаворите, а ние денеска тоа го остваривме и нема тука да застанеме“, вели Ѓорѓески.

Охрид во следното коло му гостува на составот на Пролет и доколку слави ќе има можност уште повеќе да се искачи на табелата, бидејќи второпласираниот тим од Автокоманда игра дома со Вардар, а шампионот Еурофарм Пелистер ќе гостува на жешкиот терен во Кавадарци.

Охрид во игра и за титула – му го зема скалпот на вицешампионот!

Шоу покрај езерото – Ѓорѓески „кажа стоп“, Цирар го наполни голот на вицепрвакот до врв