Шоу покрај езерото – Ѓорѓески „кажа стоп“, Цирар го наполни голот на вицепрвакот до врв

Тимот на Охрид е сериозен кандидат за врвот на табелата во суперлигашкиот плеј-оф, откако славеше против македонскиот вицепрвак со 30-26.

Избраниците на Стевче Алушовски уште на паузата ја најавија победата над тимот од Автокоманда, кога водеа со 16-9.

Во вториот дел гостите се доближија резултатски, но немаа решение за голманот Даниел Ѓорѓески и десното крило Гал Цирар.

Чуварот на мрежата ги запре гостинските ракометари, додека Словенецот погодуваше и од пенали и од игра.

Ѓорѓески забележа 14 одбрани, а исто толку погодоци во мрежата на тимот од Автокоманда постигна Цирар.

„Рибари“ и охридската публика можеа да видат одличен натпревар, во кој од почеток до крај ги бодреа нивните миленици.

Охрид во игра и за титула – му го зема скалпот на вицешампионот!