Ѓорчепетровки подготвени за европскиот двобој (ФОТО)

Македонскиот претставник во Европскиот Куп, Ѓорче Петров, денес пристигна во Белгија и го одработи тренингот пред утрешниот дуел против Ојпен во натпревар од третата рунда.

Ѓорчепетровки ќе се обидат уште на првиот меч да го заверат пласманот во осминафиналето и да имаат мирен реванш дуел.

Избраничките на Симе Симовски до пласман во третата рунда дојдоа откако во второто коло го елиминираа Тиват од Црна Гора.

Првиот дуел меѓу Ојпен и Ѓорче Петров ќе се одигра со почеток од 14:00 часот, додека реваншот е закажан за 19 ноември во Скопје.

На утрешната средба македонскиот шампион ќе има поддршка и од нашинците кои живеат во Ојпен.