🎥 Ѓорчепетровки поделија лепче за Бадник, паричката кај младата Трпеска

Актуелниот бранител на титулата во женска конкуренција, тимот на Ѓорче Петров, на денешниот тренинг ја продолжи традицијата за Бадник.

Младата Марија Јанкуловска ги подели лепчињата на ракометарките и стручниот штаб, а паричката се падна кај младата Сандра Трпеска.

Ѓорче Петров од 2 јануари ги започна подготовките за вториот дел од сезоната, бидејќи за една недела го очекува нов предизвик во Европскиот Куп.

Ракометарките на Ѓорче Петров на 13 јануари во Автокоманда го играат првиот натпревар против чешкиот Кинжварт во рамки од осминафиналето во третото по ранг европско натпреварување.