Голманот Бергеруд останува верен на Колстад

Репрезентативецот на Норвешка, Торбјорн Бергеруд, го продолжи договорот со норвешкиот шампион Колстад.

Искусниот голман во редовите на амбициозниот проект пристигна во текот на 2022 година од ГОГ Гудме.

Иако Колстад беше во финансиска криза, сепак, останувањето на Сагосен беше причина Бергеруд да не ја промени клупската средина.

,,Неизвесноста околу финансиската состојба на клубот значеше дека многу размислував за тоа пред да ја донесам конечната одлука. Со сопругата долго разговаравме дома, разговарав со други играчи кои се најдоа во истата ситуација. Имав понуди од други клубови, но верувам во проектот на Колстад и решив да останам тука барем уште една сезона. Сандер беше првиот кој го продолжи договорот, а јас го следев неговиот пример. Затоа се надевам дека останатите играчи ќе го следат нашиот пример и ќе останат “, изјави Бергеруд за клупската страна на норвешкиот првак.

Колстад ги продолжи договорите и со Горан Јоханесен, како и со тренерот Кристијан Берге.

Норвешкиот шампион e лидер на домашна сцена, додека во Лигата на шампионите се бори за пласман меѓу најдобрите шест екипи во својата група.