Поранешна голманка на Кометал Ѓорче Петров ја заврши кариерата на 41 година!

Некогашната голманка на Кометал Ѓорче Петров, Алесија Сафонова, ја заврши кариерата на 41 година.

Белорусинката, кој во Скопје мина една сезона 2007/2008, ги бранеше боите на БНТУ Белаз од Минск, најдобриот женски клуб во нејзината татковина.

Пред да дојде во Кометал, таа ги бранеше боите на рускиот Динамо Волгоград и грчкиот ОРМИ Патрас, а остатокот од богатата кариера го мина во матичниот клуб.

Таа останува да работи во клубот и понатаму и ќе биде тренер на голманите.