Македонската репрезентативка Леонида Гичевска, во новата сезона ќе има голем предизвик и ќе се пресели во Русија.
Гичевска потпиша за составот на Лада Тољати, шесткратен руски првак и освојувач на три титули во ЕХФ Купот и Купот на победниците на Куповите.
За Гичевска, која освен на левата, одлично се снаоѓа и на средната бековска позиција, ова ќе биде четврта држава каде ќе ги покаже своите квалитети.
Таа играше за француските Ле Самбр Авенуа и Безансон, хрватската Локомотива Загреб, како и романската Стинта Букурешт.
Во Македонија, Гичевска играше за Вардар Јуниор, Вардар, Металург и Куманово, а потоа започна со интернационалната кариера.
Во рускиот шампионат, во минатите пет сезони за ЦСКА играше Сара Ристовска, а сега друга Македонка ќе биде дел од елитната руска конкуренција.