Екипата на Келце на првиот четвртфинален дуел од Лигата на шампионите против Магдебург славеше минимално со 27:26 и на реваншот во Германија ќе патува со гол предност.
Сепак, тимот предводен од Талант Душебаев ќе биде осетно ослабен, бидејќи полскиот шампион денеска соопшти дека Михал Ојленичак предвреме ја заврши сезоната.
Средниот бек на дуелот со Магдебург во 56 минута заработи незгодна повреда на левата нога, откако се судри со Феликс Клар.
На 23-годишниот ракометар му претстои пауза од најмалку шест недели, па така неговото враќање на терените ќе биде за време на подготвителниот период пред стартот на следната сезона.
Ојленичак во тековната сезона од Лигата на шампионите беше еден од главните стрелци во Келце, зад своето име запиша 31 гол.