„Голем број легенди се на маргините – никој не добива шанса да му помогне на хрватскиот ракомет“

Пласманот на Хрватска на скромното 11.место ги разбранува страстите меѓу спортската јавност во оваа земја. Голем број на ракометни легенди имаат што да кажат за играта, пласманот како и за работата на актуелниот селектор Перковац.

Еден од низата кои го искажаа своето мислење по слабиот пласман на ЕП, е и еден од златната Хрватска генерација, Драго Вуковиќ. Тој смета дека голем број на хрватски ракометни легенди се на маргините и воопшто не добиваат шанса да му помогнат на хратскиот ракомет.

Ајде да направиме нешто да ни биде подобро на сите во хрватската лига, ајде да го дигнеме сето тоа на повисоко ниво. Моментално работам како тренер на деца во “Балиќ Метличиќ Академија“ и кога само ќе сумираме колкави трошоци имаме за плаќање на судии, делегати, се.. Зошто сојузот на ги превземе трошоците за плаќање на тие судии и делегати? Тоа е минимум што можеа да направат во овие 30 години, што на наш грб се подигаше  и промовираше репрезентацијата во светот.Ајде малце тоа да го анализираме. Во време на најголемите успеси на репрезентацијата во 2012 година кога освоивме бронза на ЕП во Белград, бронза на ОИ во Лондон, имавме три бронзи по ред заедно со СП во Шпанија. Ние на сите тие првенства игравме со една тренерка. Значи кога бевме на врвот на светскиот ракомет,ние го пративме капитенот Вори да ни купи Адидас тренерки, бидејќи тој ни беше спонзор, само без логото на Реал Мадрид. Да имаме уште една тренерка во која ќе можеме да се шетаме бидејќи во онаа која ја користевме се усмрдевме. Пристигнуваме на натпревар а на трибините 15 луѓе седат во тие исти тренерки, а тоа се луѓе од Сојузот, наши спонзори..Истите тие треба да мислат на тоа да се подигне лигата на повисоко ниво се околу тоа. За тоа ви зборувам. Испаѓа дека ракометот се игра заради нив, а не заради нас. Тие се однесуваат на начин дека ако ги нема нив, ќе не нема ни нас. Луѓе мои, дали сте реални?!

Покрај тоа Вуковиќ се надоврза и на следното:

„Направете нешто за ракометот. Што сте направиле за  ракометот во последните 30 години?! Она што за мене е трагично во хрватскиот ракомет е тоа што ракометни легенди кои играле на СП 2003 во Португалија, на ОИ во Атина 2004, ги нема никаде во Сојузот, кој тренер успеавме да го создадеме во последните 30 години?! Перковац не го бирав јас, ХРС е тој кој ги бира селекторите,а тие ги бираат играчите. Е сега ќе разговараме за тоа дали се тие подготвени или не. Ако не се, па зошто тогаш ги повикуваш тие ракометари?!“