Еден од најискусните ракометари во дресот на Кил, кружниот напаѓач Хендрик Пекелер нема да настапи на Европското првенство 2024.
Искусниот ракометар, кој има 32 години и кој важи за еден од најдобрите играчи во одбрана, изјави дека со тешко срце го одбива настапот на континенталниот собир.
„Со месеци бев во контакт со челниците на ракометниот сојуз на Германија и секако дека го имав на ум Европското првенство, но со тешко срце морам да откажам“ изјави Пекелер.
Германија на Европското првенство 2024, на кое е и организатор, се наоѓа во група со Македонија, Франција и Швајцарија, а најдобрите две репрезентации ќе обезбедат пласман во следната фаза.
Пекелер најголемиот успех со Германија го имаше на Европското првенство во Полска (2016) кога со своите репрезентативни колеги се радуваше на освоеното злато.