Гемаљевиќ: Се оди според планот, Куманово ќе биде добар тест пред гостувањето во Охрид

Тимот на Тиквеш по триумфот кај Струга во минатото коло, ќе бара продолжување на победничката серија на домашен терен против составот на Куманово.

Голманот Јанко Гемаљевиќ вели дека овој натпревар ќе биде добар тест колку екипата е подготвена за последното тешко гостување во овој дел од сезоната.

„Спремни сме за в петок, иако имаме некои мали проблеми. Мислам дека капитенот Симиќ нема да настапи поради мали здравствени проблеми. Овој меч со Куманово ни доаѓа како подготовка за гостувањето во Охрид, реално сме фаворити. Во Кавадарци ретко на кој му препуштаме фаворитска улога. Се е во најдобар ред, се оди според планот, ако не го сметаме поразот во Автокоманда во оној густ распоред меѓу двете европски средби и целиот тој хаос што настана со распоред. Првата цел е исполнета со пласманот во плеј-офот, имаме уште месец дена во кој не чекаат уште четири меча, од кои два тешки, Охрид и Алкалоид, против кој очекувам успешно да ја затвориме првата полусезона“, вели Гемаљевиќ.

Српскиот чувар на мрежата вели дека Тиквеш може да игра со сите конкуренти и дека екипата се стреми да биде подобра на секој следен натпревар.

„Добив она што го очекував во Кавадарци, тоа е минутажата и очекувам уште поквалитетен ракомет во плеј-офот напролет. Ние можеме да играме со секој, нема екипа што ќе не надигра толку многу за да бидеме немоќни пред неа. Очекувам во најмала рака да биде повторен ланскиот успех. Сметам дека последниот натпревар со вицепрвакот во Кавадарци ќе одлучува за првото место. Кога игравме во Скопје дел од екипата се чуваше, дел играше, загубивме заслужено иако не требаше да биде со толкава разлика. Секој натпревар целиме да бидеме уште подобри од претходниот, јас лично се уште ја барам најдобрата форма, но на добар пат сум“, заврши Гемаљевиќ.

Натпреварот меѓу Тиквеш и Куманово се игра утре во салата „Јасмин“ во Кавадарци со почеток во 19:00 часот.

ПозЕкипаНПРЛБ
1АЛКАЛОИД14131040
2ОХРИД14110333
3ТИКВЕШ14110333
4СТРУГА1470721
5ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 21460818
6АЕРОДРОМ1441913
7КУМАНОВО1412115
8СКОПЈЕ1402122