Тимот на Фуксе Берлин се наоѓаше пред елиминација во Купот на Германија, но сепак, успеа да ја добие битката против незгодниот Ерланген, славеше со 38:35 по продолженија, откако регуларниот дел од неизвесниот дуел заврши без победник, 30:30.
Доколку Фуксе Берлин загубеше, тогаш останатите кандидати за трофејот ќе имаа полесна задача, бидејќи елиминиран ќе биде уште еден фаворит за трофејот.
Денес уште во првата рунда од Купот на Германија беше елиминиран големиот Кил, кој неочекувано загуби со 32:31.
И тимот на Мелсунген, кој е предводен од екс тренерот на Вардар, Роберто Гарсија Парондо, се мачеше во дуелот со Десауер и дури во финишот го скрши отпорот на клубот кој се натпреварува во Втората Бундес лига.
Парондо и неговите избраници на полувреме имаа негатива од 17:13 и со подобрата одбрана во вториот дел стигнаа до победа од 31:28.
Сензација во Купот на Германија: Кузмановски и Миркуловски го исфрлија Кил