Франција со проверени сили ќе атакува на злато на СП 2023

Селекторот на женската сениорска репрезентација на Франција, Оливие Крумболц, го објави списокот за настап на Светското првенство 2023.

На списокот кај Крумбол партиципираат 20 ракометарки, седум од нив доаѓаат од францускиот шампион Мец, по три од Брест Бретањ и Нант, една повикана ракометарка е членка на Париз, додека останатите шест се интернационалки.

Меѓу голманите тука е искусната репрезентативка Лаура Глосе, која ги брани боите на ЧСМ Букурешт, додека од преостанатите звучни имиња ги има и Грас Заади, Орлане Канор, Паулета Фопа, Лаура Флиперс…

Француската репрезентација последен пат на Мундијалите освои злато во 2017 години, во 2021 играше финале, но во дуелот со Норвешка беше поразена.

Франција на Мундијалот, кој ќе се одржи во Данска, Норвешка и Шведска, во рамки од првата фаза ќе игра со репрезентациите на Словенија, Ангола и Исланд.

Најдобрите две репрезентации од следната група ќе обезбедат пласман во следната фаза, па така избраничките на Крумболц се големи фаворити во својата група.