Melvyn RICHARDSON and Dylan NAHI, SF1 - France vs Sweden, Men's EHF EURO 2024 Germany, Cologne, Germany, 26.01.2024, Mandatory Credit © Uros Hocevar / kolektiff

Франција без Ричардсон во утрешното финале против Данска?

Репрезентацијата на Франција утре ќе се бори за златото на Европското првенство 2024 во Германија.

Ривал на Франција е репрезентацијата на Данска, но „триколорите“ во дуелот со скандинавската селекција би можеле да настапат без Мелвин Ричардсон.

Како што пренесуваат медиумите во Франција, десниот бек денеска го напуштил репрезентативниот камп во Келн и заминал за Барселона.

Имено, сопругата на Ричардсон требало да се породи овој викенд, па така неговиот настап во утрешното финале е неизвесно.

Се уште не е познато дали Гијом Жил ќе повика дополнителна замена доколку Ричардсон евентуално отсуствува.

26-годишниот играч на Барселона на шест натпревари на Европското првенство постигна 16 погодоци.