Luka KARABATIC, Samir BELLAHCENE, Yanis LENNE and Nedim REMILI, SF1 - France vs Sweden, Men's EHF EURO 2024 Germany, Cologne, Germany, 26.01.2024, Mandatory Credit © Anze Malovrh / kolektiff

Франција атакува на четврто злато на ЕП – Ремили: Ова се нашите пет минути!

Репрезентацијата на Франција денеска на Европското првенство 2024 ќе се бори за златниот медал против актуелниот светски првак Данска. Ракометарите на Гијом Жил пласманот во финалето го обезбедија откако во полуфиналниот дуел против Шведска беа подобри во продолженијата од по пет минути, откако регуларниот дел заврши без победник, 27:27.

За потсетување, олимпискиот првак со голот на Пранди во последната секунда се избори за продолженија, во кои целосно ги надигра избраниците на Глен Солберг и славеше со 34:30. Сега Франција ќе се надигрува со репрезентацијата на Данска, која на претходното Европско првенство беше трета, додека претходната година, односно на Мундијалот во Полска и Шведска, го освои златниот медал.

Франција во групната фаза на ова Европско првенство за ривали ги имаше Македонија, Германија и Швајцарија. Настапот во првата фаза на континенталниот собир го заврши со две победи, кои беа доволни за пласман во главната фаза, па така Французите во главната фаза стартуваа со два бода и оваа фаза ја завршија со 100% учинок, триумфираа над Хрватска, Исланд, Австрија и Унгарија.

Luu CORNET (EHF) and Guillaume GILLE (coach), SF1 – France vs Sweden, Men’s EHF EURO 2024 Germany, Cologne, Germany, 26.01.2024, Mandatory Credit © Anze Malovrh / kolektiff

Во полуфиналето против Шведска, со многу среќа, се изборија за продолженија, победија во големата битка со европскиот првак од 2022 и денес ќе атакуваат на четврто злато на континенталните собири. Французите последен пат на златен медал на Европските првенства се радуваа во 2014 година. Тогаш на Европското првенство, кое беше одржано во Данска, во финалето славеа над домашната селекција со девет гола разлика, 41:32.

На следните четири Европски првенства, од 2016, па до 2022, завршуваа на 5, 3, 14 и 4 место. Оваа година Французите се решени да ја зголемат златната колекција на медали и да дојдат до четврто злато.

Франција и Данска последен пат на големите натпреварувања се сретнаа на Мундијалот во Полска и Шведска (2023). Тогаш двете репрезентации играа во финалето, а битката за златото им припадна на избраниците на Николај Јакобсен.

Еден од најдобрите играчи во составот на Гијом Жил, десниот бек Недим Ремили, во разговор за ЕХФ истакна дека француската репрезентација е многу подобра од ланската година.

,,Сè уште ни е во главите ланското финале, бидејќи загубеното финале многу боли, но претпоставувам дека Данците беа подобриот тим тој ден. Оваа година е сосема поинаква приказна. Мора да го имаме на ум минатогодишното финале и мислам дека научивме од тоа финале многу, ние сме исто така подобар тим од минатата година и исто така го имаме моментумот на наша страна”, изјави Ремили.

Nedim REMILI and Jim GOTTFRIDSSON, SF1 – France vs Sweden, Men’s EHF EURO 2024 Germany, Cologne, Germany, 26.01.2024, Mandatory Credit © Anze Malovrh / kolektiff

Десниот бек моментално е четврти стрелец на Франција на ова ЕП, на осум натпревари, вклучувајќи го и полуфиналето со Шведка, постигна вкупно 29 погодоци од 53 удари и несомнено дека ќе биде важна алка и во денешното финале.

Натпреварот за првото место на ЕП меѓу Франција и Данска ќе се одигра со почеток од 17:45 часот во „Ланксес Арена“ во Келн.