Фијаско на Борец – дојде со ДЕВЕТ ракометари, Еурофарм Пелистер 2 оди во битка за Ф4!

Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 службено се пласираа во финалето од групата 3 во Купот на Македонија.

Во Велес очигледно не ги знаат доволно правилата за ракометните натпревари, па дојдоа во Битола само со ДЕВЕТ ракометари, очигледно не давајќи му значење на Купот во споредба со битката за опстанок во првенството.

Според пропозициите за Куп и натпревари од првенството на РФМ, задолжително во составот екипата мора да има најмалку 12 ракометари (кај дамите 10), за да се игра натпреварот.

Но во Велес не ги прочитале правилниците, па сега се соочуваат со казна oд РФМ поради ваквиот пристап кон овој натпревар.

Еурофарм Пелистер 2 ќе го добие службено овој натпревар и ќе го чека победникот од средбата меѓу Вардар и Бутел Скопје, против кој ќе се бори за место на Ф4 во Купот.

Куп на Македонија, групна фаза, распоред:

група 1 (сала Автокоманда)
29/04, 13:00, Алкалоид – Мулти Есенс
29/04, 15:30, Партизан Гевгелија – Пролет
29/04, 20:00, финале

група 2 (сала Боро Чурлевски)
27/04, 11:00, Еурофарм Пелистер – Куманово
27/04, 13:30, Радовиш – Струга
27/04, 18:30, финале

група 3 (сала Боро Чурлевски)
Борец – Еурофарм Пелистер 2 0-10
26/04, 13:30, Вардар – Бутел Скопје
26/04, 19:00, финале

група 4 (сала Билјанини Извори)
27/04, 11:00, Прилеп – Охрид
27/04, 13:00, Тиквеш – Аеродром
27/04, 19:00, финале